ЛОНДОН (АА) – Според „Гугл“, Златан Ибрахимовиќ е премиерлигаш чие име се пребарува во повеќето земји низ светот. Познатиот фудбалер е најпопуларен во 36 земји, од вкупно 120 за кои до средината на август постојат релевантни податоци, јавува Anadolu Agency (AA).
Се разбира, Босна и Херцеговина и Хрватска, од каде што потекнуваат неговите родители, се меѓу земјите во кои на пребарувачот на „Гугл“ од играчите на англиската Премиер лига, најмногу се бара името на Ибрахимовиќ.
По Ибрахимовиќ, следува фудбалерот Педро од Челзи, кој е најбаран во седум земји, по него следи Џејми Варди, во пет земји, и Месут Озил, во три земји. Зад нив се наоѓаат пет играчи со по две земји во кои најмногу се пребарувани, а меѓу нив се Бојан Кркиќ од „Стоук сити“, фудбалер чие име на пребарувачот на „Гугл“ е најпопуларно во Словенија и во Србија.