Привремено затворени амбасадите на Германија и Англија во Анкара

Сподели

thumbs_b_c_92b7f7fb609f6cb7b5c3fece85f56ce7

АНКАРА (АА) – Врз основа на добиените информации од разузнавачките служби дека терористичката ДАЕШ се подготвува за напад на амбасадите на Англија и Германија во Турција, беа притворени 4 лица, а подоцна беше објавено дека не се најдени докази за нивна поврзаност со терористички групи. Официјални лица од Министерството за внатрешни работи ги известија двете држави дека не постои специфична закана, но поради безбедност, преземени се мерки во таа насока, и двете амбасади моментално се затворени, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите добиени од Министерството за внатрешни работи што се засноваат на разузнавачки информации, терористичката организација ДАЕШ наводно се подготвувала за напад на амбасадите на Англија и Германија во периодот 13 – 17 септември, по што турските власти стапија во соработка со властите на двете држави. Генералниот директорат за безбедност на Турција, пред празникот Курбан Бајрам, во организирана акција притвори 3 лица во Анкара и 1 лице во Истанбул.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека за лицата против кои се води истрага нема конечни докази за нивна повразаност со терористички групи. Властите од Министерството изјавија дека се во тесна соработка со двете амбасади и дека се зголемени мерките за безбедност, а за развојот на настаните информирани се двете амбасади.

Властите исто така изјавија и ги известија двете амбасади дека моментално се затворени поради превентивни безбедносни мерки. Од Министерството излегоа со оцена за ситуацијата дека на двете амбасади им е посочена важноста од споделувањето на секоја информација во овој случај.

– Мур: „Турските власти преземаат соодветни мерки против заканите“

Од друга страна пак, амбасадорот на Англија во Анкара,Ричард Мур, од својот профил на Твитер, потенцирајќи дека турските власти како и секогаш им даваат беспрекорна поддршка, напиша: „Турските власти преземаат соодветни мерки против заканите. Ние им веруваме. Им благодарам за напорите. Во овој случај, затворањето на амбасадата е разумен чекор“.