– “Изедначување на македонскиот и албанскиот јазик на целата територија е апсолутно неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ. Со најавите за воведување на двојазичност на цела територија на Република Македонија се напаѓа Уставот и уставното уредување на оваа држава, целосно се излегува надвор од Уставот и уставно загарантираните права на етничките заедници и за жал се отпочнува процес кој никој на крај не знае дали ќе заврши со федерализација или целосно распарчување на Република Македонија. Аболицираниот Зоран Заев се пазари со се што е свето во оваа земја, најавувајќи пред некој ден дека сега му било мајката да се редефинира државата. Со ваквите очајнички потези Заев ја клекнува Република Македонија на колена и ги урива позициите кои одамна се усогласени и се внесени во македонскиот Устав. Става на маса и нуди прашања кои воопшто не смее да бидат тема на дневен ред бидејќи за нив одамна се поставени правилата во Уставот во оваа држава. Република Македонија не е негова сопственост, ниту сопственост на групацијата околу него која очајнички би сакала да дојде на власт.”