Сулудо е да прифатиме изградба на тунел без излез кој чини 800 милиони евра

Сподели

Ние не зборуваме за било каква промена на интерес ние едноставно зборуваме како треба работите да бидат поставени на правилна патека. Вака како што се оставени би било лудо да се сложиме како Влада на проект којшто завршува на пола тунел во слепа улица, и да потрошиме половина милијарда евра народни пари, вели Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање и додаде дека проектот е над пола милијарда евра.

Зошто половина милијарда евра? Затоа што вредноста на проектот е 560 милиони евра. Од тие 360 се кредит, а 200 милиони се заем, односно се грант, се извинувам. Станува збор во прва фаза 360 милиони евра пари на македонските даночни обврзници и 200 милиони евра пари на европските даночни обврзници. Во тендерската документација стои дека принципот на изработка на проектот е по жолт фидик. Чисто да знаете што е жолт фидик за јавноста што не знае. Тоа значи дека сумата, Буџетот којшто е определен е Буџет за реализација на овој проект. Дека не се предвидува дополнителни пенали или дополнителни работи. Но тоа не е така, бидејќи во две страни во тендерската документација стои дека изведувачот има право на пенали и на дополнителни работи. Што значи дека е црвен фидик, бидејќи е така многу лесно проектот може да дојде до 750, 800 милиони евра. Јас ова ви го кажувам ова како инженер. Не ви го кажувам како претседател на Владата, истакна Мицкоски.

Премиерот Мицкоски подвлече дека Владата сака да го направи Коридорот 8, ама и да се заврши да не се создава од се авантура. Нагласи и дека државата треба да се поддржува  со бугарскиот сосед  и дека не треба од се прават политички теми.  

Тоа ќе подразбира минимум 500 милиони евра пари како кредит или од Буџетот, практично од граѓаните и 200 милиони евра пари на европските даночни обврзници, за 24 километра, 22 тунели коишто ќе завршат на пола тунел во слепа улица. Без да знаеме што ќе се случува од бугарска страна, бидејќи таму нема јасен проект. Дали тунелот ќе продолжи? Ние сега велиме дајте луѓе да го направиме ова како треба, да не потоа лечиме наместо да превенираме, дециден е тој.

Среќа што се случи промената па можеме сѐ уште да превенираме. Па велиме, дајте да го водиме проектот од бугарска страна. Нема таков. Дајте тој да го направиме. Зошто на пола тунел да завршуваме? Дајте да завршиме да биде навистина континуитет до Црното Море како што навистина предвидува стратешкиот Коридор и на НАТО Алијансата. Од Црното Море преку Бугарија, од кај нас, Албанија до Италија. Ајде да биде како што треба и мислам дека ќе наидеме на разбирање. Јас не правам политика од ова како што тоа го прават кај нашиот источен сосед. Жалам што за нивни внатрешно политички потреби тие прават политика од сето ова. Ова е инженерски проблем. Ова нема врска со политика. Сакаме да го направиме Коридорот 8, дај боже да го направиме Коридорот 8, прв сум за тоа да го направиме, но, да биде како што треба. Не можеме да влеземе, неодговорно е да влеземе  во авантура во којашто не се знае дали ќе има крај или кога ќе биде крајот. Не сакаме да ни се случи новиот Кичево-Охрид, автопат само сека да биде во овие 24 километри. Жалам повторно ќе кажам нашиот источен сосед за сѐ прават тема политичка. Нема потреба, нема потреба. Тоа е исто како сега ние да кажеме граничниот премин во Берово е направен поврзан е тој граничен премин со нов пат пропаѓа веќе години, години, затоа што од бугарска страна не се направени 20 километри и не е направен граничниот премин. На крајот на денот и не треба да се прават гранични премини. Ако мене ме прашате. Можам да кажам зошто ние го направивме експресниот пат село Жидилово од бугарска страна го нема, ама не сакам да влезам во таква игра кој е виновникот. Ние сме соседи треба да се поддржуваме и не треба од сѐ да правиме политички теми“, изјави премиерот.