Можеби си спомен, нечујно што минал
низ моите мечти, оставајќи трага?
Можеби си зборот јас што сум го скинал
од усните свои низ насмевка блага?
Можеби си сенка, што во ноќта сина
одмина без збогум, недогатна, драга?
Или:крик на страдалник безгласно што зина?
Или лик на свидна неплакана тага?
Остани за навек моја, Една, Блиска
биди само име в занес што се блада,
биди песна звучна што виз солзи плиска.
Остани за навек далечна и нема,
биди вечен гостин на срцето што страда,
Од кај не ќе може никој да те зема.