И по поминати три дена од поднесеното обвинение на СЈО за случувањата во Општина Центар при протестот за изградба на црква и писмената реакцијата на ДПНЕ, МПЦ и понатаму молчи. Имено, во последното соопштение на ДПМНЕ се вели дека: ,,претставници на Македонската православна црква и здружението на граѓани Веритас се спротиставиле на намерите да се стопира изградбата на црквата Свети Константин и Елена во центарот на град Скопје, велат од ФРОДЕМ.
„Со ова соопштение на ДПМНЕ, МПЦ и нејзини претставници се означени како соучесници и соорганизатори на насилните протести.
Жално и недозволиво е молчењето на МПЦ поради бесрамниот обид на злоупотреба на верските чувства на граѓаните за одбрана на обвинетите криминални и насилни партиски личности и функциоери. Доколку МПЦ е црква на сите верници и доколку се залага за вистина, ФРОДЕМ бара таа јавно да одговори на две прашања дали протестите во Општина Центар беа организирани на „верска основа“ или по партиска наредба и дали во Општина Центар демолираа „верници“ или партиски насилници? Со понатамошното затскривање и молчење МПЦ ќе ги потврди наводите и констатациите во соопштенето на ДПМНЕ од 15 септември 2016 година и ќе се стави во улога на соучесник во срамната пародија на одбрана на обвинетите криминални и насилни партиски личности и функционери“ се вели во соопштението.