Владата на 11-та седница донесе кадровски одлуки, со кои Афрона Верзиволи е разрешена од должноста вршител на должноста главен резизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош, а се именува Aрбен Рамадани за в.д. главен ревизор. Тој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. Непосредно учествува во изработка на стратешки документи, краткорочни и долгорочни стратешки планови во однос на развој на Ревизорско тело и ревизијата и ја следи примената и врши следење на нивното спроведување. Работел и како виш ревизор во секторот за ревизија на ИПА областа.
Исто така, донесена е одлука дека Иван Игњатов се именува за в.д. заменик на главниот ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Тој е Доктор на економски науки на тема „Развој на систем за ревизија и контрола за ефикасно користење на фондовите на ЕУ“.