Владата го укина зголемувањето на нотарските тарифи

Сподели

Владата денеска ја одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки. Владата ја продолжи кризната состојба на целата територија на државата заради состојбата со пожарите. 

Разгледувајќи ги извештаите од Центарот за управување со кризи, Владата обезбеди 52 милиони денари од државните резерви за 2024 година, за зголемување на буџетот на ДЗС за подмирување на трошоците за гаснење на пожарите. Од овие средства кои 41 милион денари за ДЗС, додека 10,5 милиони се за покривање на трошоците  за сместување, храна и транспорт за персоналот при престојот во државава на странската помош за справување со пожарите.

Владата ја разгледа и ја усвои Одлуката за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа. Според информацијата, претходната Одлука на Владата од 06 јуни, со која се покачија нотарските тарифи беше оценето дека е избрзана и предизвика товар врз граѓаните.