Француска вечер со пијанистката Софија Вајан на „Охридско лето“

Сподели

Во рамките на програмата на „Охридско лето“, вечерва (16 август), од 21:00 часот, во црквата „Света Софија“ ќе се одржи Француска вечер, со концерт на пијанистката Софија Вајан.

Софија Вајан е пијанистка со богато минато и носителка на награди и признанија од неколку меѓународни натпревари. Репертоарот на оваа пијанистка е широк и содржи дела од барокниот период, па сè до дела на современи композитори.