Врнежливо со засилен ветер

Сподели

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои доцна попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни (над 30 л/м2). Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме проследени со појава на грмежи, особено во западните делови. Вдолж Повардарието, во Пелагонија и во североисточните делови ќе дува засилен југоисточен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 29 степени. Скопје од 14 до 27 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. T= 27 °C, P= 974 hPa, U= 65 %, V= 5 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).