Денеска во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, Самитот за бегалците и мигрантите, кој ќе го отвори новиот претседавач на Генералното собрание на ОН Питер Томсон, по што ќе говори и генералниот секретар на ОН Бан Ким-мун.
– Ова е прв пат Генералното собрание на ОН да организира самит на ниво на шефови на држави и влади за големото движење на мигрантите и бегалците ширум светот и претставува историска можност да се изработи план за подобар глобален одговор, се наведува во соопштението на сајтот на ОН.
На маргините на Генералното собрание, утре американскиот претседател Барак Обама ќе биде домаќин на Самитот на лидерите за бегалците.
Додека Самитот на лидерите ќе се фокусира на бегалците, а не на мигрантите, во фокусот на Самитот на Генералното собрание на високо ниво ќе биде движењето на мигрантите и бегалците.
Генералната дебата во Генералното собрание, на која ќе учествуваат шефови на влади и држави членки на ОН ќе трае до 20 до 26 септември.