Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН

Сподели

Со 168 гласа „за“, Република Северна Македонија денес стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Поддршката од земјите членки на ОН е потврда за придонесот на нашата држава како посветен промотор и заштитник на човековите права и слободи. 

Во својата објава на социјалните мрежи, министерот Муцунски нагласи дека една од главните цели по овој дипломатски успех ќе биде активното учество во Советот, придонесувајќи за глобална промоција на човековите права и подобрување на ситуацијата ширум светот, што е основа и на нашата кандидатура за членство

Во најновиот Национален извештај за Универзалниот периодичен преглед презентиран пред Советот за човекови права во Женева, нашата земја е високо на листата на земји кои ги почитуваат и гарантираат човековите права и оценета како квалификуван кандидат кој ги исполни неопходните услови за да биде дел од работата на ова меѓународно тело.

Инаку, Република Северна Македонија по вторпат е избрана за членка на Советот за човекови права, откако претходно членуваше во периодот 2014-2016.