Менталното здравје е еднакво важно за нашата добросостојба како и физичкото здравје. Тоа е состојба во која се чувствуваме добро, функционираме нормално и се справуваме со предизвиците во животот.
Луѓето кои се соочуваат со проблеми во менталното здравје често се чувствуваат сами и несигурни. Стигмата околу менталните нарушувања може да ги спречи да побараат помош. Затоа е важно да создадеме средина каде што сите ќе можат слободно да зборуваат за своите чувства.
По повод 10. октомври, Денот на менталното здравје ги поттикнуваме сите да размислат за своето ментално здравје и да се информираат за ресурсите кои можат да помогнат.