Совет на Европа: Бугарија нема доволна свест за малцинските права

Сподели

Според Советодавниот комитет на Советот на Европа, во Бугарија не се прават ни напори да се имплементираат голем број долгогодишни препораки околу принципот на слободна самоидентификација, околу заштитата на јазичните и други права права, како и околу потребата да се обезбеди целосна еднаквост и на сите што живеат во Бугарија.

„Потребни се повеќе активности од властите во голем број сфери поврзани со правата на лицата кои припаѓаат на националните малцинства“, оценува Стразбур. 

Комитетот дава препораки до бугарските власти за промоција на културите и јазиците на националните малцинства, негување доверба и меѓусебно почитување, како и подобрување на состојбата со ромското малцинство. 

– Како и во претходните циклуси, лицата кои се идентификуваат како Македонци ја повторија својата долгогодишна желба да бидат заштитени според Рамковната конвенција, но бидејќи властите не го прифаќаат постоењето на објективни критериуми за нив, овие лица не можат да уживаат пристап до индивидуалните малцински права. Нивните долгорочни обиди да регистрираат здруженија кои ја промовираат македонската заедница не беа успешни, се наведува во документот. 

Во извештајот се посочува и дека соговорници на Советодавниот комитет истакнале дека „не постои свест за значењето на малцинските права во бугарското општество и дека нема разбирање за националните малцинства како составен и ценет дел од Бугарија“.

– Соговорниците на Советодавниот комитет, исто така, известија дека недостигот на знаење за малцинствата во општеството се рефлектира во ограничено изучување на јазиците на малцинствата или за нивното историско присуство во Бугарија, нивните култури, традиции и истории.

Целосен извештај на следниот линк