Ангеловски на Светската коморска Федерација

Сподели

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија присуствува на првиот регионален самит на Светската коморска федерација за Европа и Азија, кој се оддржува на 15-16 октомври во Истанбул, Турција.

На регионалниот самит во Истанбул се присутни повеќе од 700 делегати од земјите од сите региони, од над 40 земји ,каде што се оддржа и состанокот на Генералниот совет на Светската коморска федерација (WCF) каде единствен член од Југоисточна Европа е претседателот Трајан Ангелоски.

Темата на настанот, „Колаборативен пристап кон климатската акција“, се фокусира на обезбедување информации за најновите случувања во климатските промени и подигање на свеста за практиките што Коморите и бизнис заедницата ги спроведуваат како одговор на размислувањата за климатските ризици, корпоративни стратегии и корпоративни општествени одговорности. Значајни теми на панелот на настанот во Истанбул се: „Подобрување на глобалната соработка за забрзување на транзицијата кон нето нула“, „Улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и промени“, „Користење технологија за одржлив развој и кружна економија“ и „Подобрување финансирање на климата и декарбонизирање на синџирите на снабдување“. “Во раздвижениот свет на бизнисот, Коморите  стојат  како светилник на поврзување и соработка, тоа е место каде што бизнисите од сите големини се здружуваат за да споделат идеи, да создадат партнерства и да придонесат за економскиот просперитет на нивниот регион. Како претприемач и долги години вклучен во бизнис секторот, градењето силни  коморски врски  може да ги отвори вратите за нови можности, партнерства и клиенти,главна цел на коморското делување  е да создадеме  трговски алатки и да поставиме стандарди и најдобри практики кои имаат практично влијание за бизнис секторот”, изјави Ангелоски.

Светската коморска федeрација е суштински и кредибилен посредник меѓу владата, бизнисот и пошироката јавност, и е глобално здружение за сите стопански комори ширум светот со мрежа од 12.000 стопански комори. Со историја која се протега над 400 години Коморите денес постојат во речиси секоја земја и нудат многу програми и услуги за поддршка на трговијата и развојот. Светската коморска федерација ги застапува интересите на локалните, националните, регионалните, билатералните  стопански и индустриски комори ширум светот, но го претставува и гласот на бизнис заедницата во најрелевантните светски организации како Организацијата на обединети нации – ООН, Г20, Светската трговска организација, Светската банка, како и Европската банка за обнова и развој.