Македонскиот културен центар во Истанбул вечер (16 октомври) во 19:00 часот ќе биде домаќин на македонската група музичари „Квинтето“ (Quinteto) чии оригинални композиции комбинираат различни музички жанрови.
„Квинтето“ се издвојува на музичката сцена по својата еклектична мешавина на стилови – од етно и џез до рок и кабаре.
„Она што го прави нивниот звук уникатен е комбинацијата од инструменти како обоа, кларинет и виола во спој со електрична бас-гитара, тапани и кахон. Нивната музика е збогатена со карактеристичните македонски нерамноделни ритми кои го спојуваат традиционалното со модерното“, информираат од КИЦ – Истанбул.