Утре започнува „Ехо Фестивал на планински филм 2024“

Сподели

Во периодот од 18 до 25 октомври ќе се одржува петнаесетотто издание на „ЕХО“, фестивал што е посветен на ширење на планинарската култура преку изложби, издавање книги, панел дискусии, детски и филмски работилници, како и предавања на многу различни теми.

„Ехо Фестивал на планински филм 2024“ официјалното отворање ќе го има во Дом на АРМ, петок 18 октомври од 20 часот со проекција на филмот „Виорник од работ“, Игор Вртачник, Словенија, 2024, 107′, каде обраќање ќе има и режисерот Игор Вртачник.

Следните седум денови програмата ќе продолжи во Кинотека.