АХВ уништи 100 килограми небезбедно месо во Куманово

Сподели

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ)  во вторникот во Куманово, при спроведени вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети. 

За утврдените недоследности – продажба на замрзната чорба, ставање во промет на замрзнати подготвени подготовки од месо ( плескавици, ражнич), продажба на месо и подготовки од месо без декларација, како и за измината важност на санитарни книшки на вработени кај оператори со храна и непоседување на комплетна документација,  изречени се мерки опомена и парични казни во висина од  100 до 1000 евра во денарска противвредност, зависно од тежината на прекршокот и големината на операторот со храна.   
    
Со инспекциски надзори во овој град опфатени беа и два големи супермаркети кај кои не беа утврдени неусогласености со прописите од областа на безбедноста на храната.