Националниот џез-оркестар го отвора Хрватскиот џез-фестивал

Сподели

На сцената на „Клуб театар комедија – Контеса“ во Загреб, вечер (25 октомври) во 19:30 часот ќе настапи Националниот џез-оркестар, заедно со солисти од регионот, со што ќе биде отворено есенското издание на „JAZZHR“.

Националниот џез-оркестар ќе настапи во состав: Трајче Велков, Сенад Усеин, Александар Златески, Јордан Колевски на труби; Сашко Николовски, Филип Богоевски, Енис Мехмедов, Никола Ристевски на тромбони; Борислав Веселинов, Славко Георгиев, Иван Иванов, Валентин Видовиќ на саксофони. Како дел од Оркестарот, на контрабас ќе настапи и нашиот истакнат џез-уметник Мартин Џаконовски-Шпато. Диригент на концертот е маестро Џијан Емин.

Од регионот, солисти се Александра Бјелиќ – вокал, Марио Бочиќ – саксофон, Филип Булатовиќ – клавир, Томаж Гајшт – труба, Алба Нациновиќ – вокал, Јанко Новоселиќ – тапани.

Покрај композициите од наведените солисти, ќе бидат изведени и по една композиција од нашите автори Гоце Стевковски и Гордан Спасовски, при што како солисти ќе се претстават Гордан Спасовски, Виктор Филипински, Зоран Костадиновски и саксофонистот Кирил Кузманов, кој на годинашниот Скопски џез-фестивал ја доби наградата за најдобар џез-музичар.

По концертот на овој фестивал, Националниот џез-оркестар на 6 ноември ќе настапи и на Сараевскиот џез-фестивал.