МВР 24 часовен Билтен

Сподели

Денеска (26.10.2024) во 01.15 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ц.(50) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (26.10.2024) во 01.30 часот во Скопје, пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(27) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.10.2024 во 19.35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Е.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.10.2024 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Ш.(58) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.10.2024 во 17.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(20) од кривопаланечко, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.10.2024 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.10.2024 во 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица која ги поврзува ул.„Бледски договор“ и бул.„8-ми Септември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(63) и патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.З.(31), двете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле С.Ш. и В.З., констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 25.10.2024 во 14.40 часот во Полициската станица Гази Баба М.С.(23) од Скопје пријавил дека на ул.„Карл Либкнехт“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 25.10.2024 во 14.35 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Д.К.(37) од Скопје пријавила дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 25.10.2024 во 22.25 часот во Полициската станица Драчево З.С.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На  25.10.2024 во 20.10 часот полициски службеници од СВР Велес го привеле А.Д. (20) од Велес, врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.  

На 25.10.2024 полициски службеници од СВР Тетово  го лишиле од слобода И.Џ.(46) од Тетово, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и непозната супстанца. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.