Покрај циклусите на јапонски и шпански филмови, проекциите на „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец, и класичниот италијански филм „Крадци на велосипеди“ на Виторио Де Сика, програмата ја збогатува и тематската вечер под наслов „Надреализмот не е мртов“, посветена на надреалистичкото филмско наследство.
Циклусот на јапонски филмови ја истражува уникатната визуелна и наративна филозофија на јапонскиот филм, каде што темите на чест, љубов, и традиција се интерпретираат на стилски и внатрешно богати начини.
Покрај познатите и очекувани самурајски приказни, публиката ќе има шанса да доживее и поинтимни, драмски ориентирани филмови, каде човечките врски се во фокусот.
Целата филмска програма за месец ноември на Кинотека, на следниот линк