Изложбата “Ангел на фрекфенцијата” од Дафина Шекутовска е на 5 ноември, со почеток од 20 часот и ќе трае до 13 ноември, во Центарот за Современи уметности – Мобилна Галерија, Парк на Франкофонијата
ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА? ВЕЖБА НА ОТКРИВАЊЕ
Истражување на влијанието на убедувањето на поединецот во даден момент на t, како и моќта на науката и уметноста за донесување на добри, позитивни промени во општеството.
Се состои од:
– временска машина
– ДЕЛА во мешана техника/жанр
– скулптури
– инсталации
– фотографии
– физичар и уметник
– публика
– простор
– едно незначително мало делче е посветено на
змијовиднитеѓаволи и безглавитемуви
За потсетување од материјалот:
Кои се вредностите и како капитализмот не оддалечи? Зошто е од суштинска, витална важност за самиот живот како највисока вредност, да го сочуваме нашето во повеќе слоеви на смисла? Заедништво и размена на добра, наместо другата, радикална страна на злото. Насоките од поранешната симбиоза на природата и технологијата, и ограничувањата на денешната. Што е бесконечност а што не е? Зошто Скопје и други градови од државата не беа бомбардирани во овој век?