Руската хакерска група „Цар тим“ (Tsar Team), позната и како „Фенси беар“ (Fancy Bear), продолжува да ги објавува скриените здравствени извештаи на спортистите добиени од кибер нападите врз Светската антидопинг агенција (WADA), јавува Anadolu Agency (AA).
На последната листа на спортисти, меѓу 26-те спортисти од 10 земји кои користеле допинг се наоѓаат шпанскиот тенисер и освојувачот на 14 гренд-слем титули, Рафаел Надал, и британскиот атлетичар и светски и олимписки шампион на 5 и 10 илјади метри, Мо Фара.
Вниманието со своето име на листата го привлекоа и олимпискиот шампион во голф од Рио 2016, Британецот Џастин Роуз, и трикатната светска шампионка во кајак Хелен Гловер.
Во извештаите пишува дека пронајдените допинг супстанции се последица на лекарствата што ги користат поради здравствени проблеми.
На својата интернет-страница, Светската антидопинг агенција даде соопштение во врска со здравствените извештаи на спортистите кои учествуваа на Олимпијадата во Рио 2016, кои биле пуштени во јавноста по извршените кибер напади врз агенцијата, во кое исто така е наведено дека работат на решавање на безбедносниот проблем на системот.
– Фара и Надал и претходно беа обвинувани –
Обвинувањата за допинг на Британецот Фара за првпат се појавија минатата година. Тренерите на 33-годишниот британски спортист Алберто Салазар и Џама Аден соопштија дека Британецот за првпат користел забрането средство од здравствени причини, и дека за тоа биле информирани одговорните лица. Фара претходно има изјавено дека поради астма користел недозволени средства.
– Листата на спортисти се зголеми на 66-мина –
По последната листа што ја објави хакерската група „Фенси беар“, бројката на спортисти кои наводно користеле средства за допинг изнесува 66-мина.
На листата, под обвинение дека користеле недозволени средства претходно се наоѓаа спортистите како светски познатите тенисерки, сестрите Серена и Венус Вилијамс, двократната освојувачка на Вимблдон, Чехинката Петра Квитова, гимнастичарката Симона Бајлз, англиските велосипедисти Крис Фрум и Бредли Вигинс.