Во ликовниот салон во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер (22 ноември) во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата „Човек муза“ од Зоран Тодороски.
Од Центарот за култура информираат дека „едукативната изложба има цел да презентира некои од можностите на вештачката интелигенција што се достапни за обичниот корисник, како и да ги запознае присутните со историјата, суштината и достапните алатки и можности на обичниот корисник“.
„Планирано е да бидат изложени слики во различни стилови и техники генерирани од вештачка интелигенција, придружено со музика и поезија генерирана од вештачка интелигенција кои ќе ги воодушеват присутните, но и ќе ги предочат недостатоците и неопходноста на инспирација, мотив и човечка емоција во уметността“ – вели авторот Зоран Тодороски.