ВЛЕН: ДУИ ги држеше Албанците како заложници со договори на дело

Сподели

ДУИ за 20 години власт ги искористи Албанците за гласови, со цел да условува и гласаaт за партијата, ги држеше на “Stand By“.

ВЛЕН ветува дека ќе ги реши сите неправди кон Албанците кои се оставени без да се реши нивниот работен статус од ДУИ.

Ова е болна рана што ДУИ ја остави во наследство за сите Албанци. Ова е раната на манипулацијата со егзистенцијата на Албанците. ДУИ манипулираше со опстанокот на Албанците. Таков беше неодамнешниот случај на 21 вработени во Здравствениот дом во Куманово, каде ДУИ спротивно на законот ги манипулираше овие Албанци давајќи им договори без согласност на Министерството за Финансии. Имаме должност да обезбедиме законитост и транспарентност во управувањето со јавните средства и да спречиме какви било неправилности кои би можеле да го оштетат јавниот буџет. Раскинувањето на овие договори е неопходен чекор за заштита на буџетот и исполнување на законските обврски.

ВЛЕН нема да си поигрува со судбината на Албанците држејќи ги во заложништво, но се обврзува на овие Албанци кои ДУИ ги држеше како заложници, да им се обезбеди работа согласно законот за работни односи.

Албанците заслужуваат достоинствен живот, заслужуваат подобро.

ВЛЕН е гаранција за благосостојбата на Албанците и за поинаков живот.

соопштение, ВЛЕН