Половина од жените во Македонија се жртви на семејно насилство

Сподели

Насилството врз жените претставува кршење на човековите права и е голема бариера при остварувањето родова еднаквост.

Повеќе од половина од жените во Македонија искусуваат насилство во нивниот живот. Фемицидот останува трагична реалност, со тоа што јазовите при спроведувањето на законите ризикуваат животи.

Целосното спроведување на релевантните заложби на ОБСЕ како и на Истанбулската конвенција е клучно при заштитата на жртвите и спречувањето насилство. Да работиме заедно за општество со нулта толеранција за насилство и страв. #NoExcuse

Јавна расправа за насилство врз жени и девојки на собраниската Комисија за еднакви можности за жените и мажите.

„Насилството врз жени и девојки не може да се искорени само со правни лекови, ниту пак со изолирани кампањи за свест“, изјави шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Килиан Вал. „Наместо тоа, ние сите мора да се ангажираме: институции, итни служби, училишта, родители, девојчиња и момчиња, жени и мажи од сите заедници како и граѓанското општество“.

Со потпишувањето на Декларацијата на намери се прави клучниот прв чекор. По оваа декларација ќе следат конкретни дејствија како што ги развиваме иницијативите за оснажување поединци, училишта, младински клубови како и широка мрежа на организации и институции сплотено да се исправат и делуваат.

Меѓу потписниците на Декларацијата се проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, претседателка на Република Северна Македонија, проф. д-р Весна Јаневска, министерка за образование и наука, претставници на локални училишта, младински организации и невладини организации активни во борбата за ставање крај на насилството врз жените.