Обвинителството оформи предмет по допрен глас за Груби и Беџети

Сподели

На денешниот брифинг со новинарите Јавното обвинителство соопшти дека е отворен предмет против Артан Груби и против судијата Енвер Беџети откако беа ставени на црната листа на САД и откако амбасадорката Анџела Агелер повика надлежните да ги испитаат наводите за вмешаност во корупција.

„Уште вчера оформив предмет да се обидеме да обезбедиме докази да ја провериме кривичната одговорност на лицата кои се доведуваат за поткуп и трговија со влијанија. Обвинителството ќе достави нредби за понатаму. Сакам да нагласам дека соработката со САД и амбасатада е одлична и тие ни помагаат во борбата со корупцијата“, рече Коцевски.

Соработката со САД и со американската амбасада во земјава, е одлична и оттаму помагаат за активностите на Обвинителството за борба против криминалот и корупцијата, додаде Коцевски.