Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп денеска отворена е изложбата на икони „Благовестие во бои“ од уметникот Златко Лечковски.
Изложбата, на која ќе бидат претставени 20 икони, е дел од прославата на патрониот празник на градот „Св. Никола 2024“ и ја реализираат Општина Прилеп и ЦК „Марко Цепенков“.