Меѓународни потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами

Сподели

Министерството за внатрешни работи објави меѓународни потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами.

Основното јавно обвинителство Скопје до Министерството за внатрешни работи, издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница.

Претходно Кривичниот суд го прифатил барањето на Јавното обвинителство за определување на мерка притвор на двајцата осомничени во случајот со Државната лотарија, поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на Државна лотарија Прпарим Бајрами, кои се надвор од државата.

„Мерката ќе се спроведе во моментот кога осомничените ќе бидат достапни на органите на прогонот или доколку во меѓувреме самите се пријават во Судот“, информираат од Кривичниот суд.