Извршена трансплантација на ахилова тетива од ткива на починат донор

Сподели

На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива. Пациентката  е со уреден постоперативен тек. 

Трансплантацијата е извшена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, во соработка со д-р Милена Богоевска, болнички координатор за ортопедија и одговорна за ткивна банка.

Огромна благодарност до сите здравствени работници вклучени во оваа трансплантација, како и до семејствата на донорите.