ИЗРАЕЛ: Дополнителни 8 месеци затвор за поранешниот премиер Ехмуд Олмерт

Сподели

thumbs_b_c_7c3032e226015d01cf6ebc27a32a6322

ЕРУСАЛИМ (АА) – Врховниот суд ја одби жалбата на поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт, кој беше прогласен за виновен за корупција и му беше изречена дополнителна казна затвор уште 8 месеци, јавува Anadolu Agency (AA).

Според државното израелско радио, Врховниот суд којшто ја одби жалбата на Олмерт додаде уште 8 месеци затвор на актуелните 19 месеци. Поради тоа што Врховниот суд на Израел е последната правна инстанца, казната од 2 години и 3 месеци е конечна за Олмерт.

Олмерт во февруари влезе во затвор за да ја одлежи 19-месечната затворска казна поради обвинението за корупција.

Поранешниот премиер Олмерт беше обвинет за земање мито во проектот за недвижности „Холиленд парк“ во времето кога беше градоначалник на општината Ерусалим.