Турските власти наредија затворање на уште 12 телевизиски станици поради наводни врски со терористички организации и со групи кои претставуваат закана по националната безбедност.
Турските медиуми пренесуваат дека со оваа постапка се зголемила загриженоста на критичката јавност дека владата ги користи овластувањата од вонредната ситуација, која беше воведена заради пропаднатиот пуч, за да ги придобие опозициските гласови.
Турција прогласи вонредна состојба по неуспешниот пуч на 15 јули, по што следуваше апсење на повеќе илјади лица поради наводна поврзаност со муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој се обвинува за организирање на пучот.
Десетина новинарски куќи кои се осомничени за поврзаност со Ѓулен веќе се затворени, а повеќе десетици новинари и соработници се уапсени.