“СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ” СО МУЗИЧКИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ

Сподели

timthumb

Музичките документарни филмови „Џон Ленон – „Го запознав моржот“ и „Приказната за Пинк Флојд – Кој од вас е Пинк“ ќе бидат прикажани вечер во Кинотеката на Македонија во рамки на фестивалот Скопје Синема Сити.

Пред проекциите на овие два филма, посетителите ќе имаат можност да ги видат и „Би-би-си: Јас сум член на рокенрол бенд – Гитаристот“, „Брајан Ино – Имагинарни пејсажи“, „Фестивалот Пункт – Уметноста на ремиксувањето во живо“, како и „The Factory Records: Manchester from Joy Division to Happy Mondays”.

Вчера беа прикажани документарецот за култниот Леонард Коен и „Би-би-си: Јас сум член на рокенрол бенд – Пејачот“.

Утре на програмата се краткометражниот филм за Дејвид Силвиан, „Дали белците умеат да го свират блузот“, „Роберт Плант: Јас самиот“, како и филмовите за нашите Влатко Стефановски и Сецко. Промовирана ќе биде и книгата „Музика и муабети“ на Ненад Георгиевски, уметничкиот директор на Скопје Синема Сити.

Последната вечер од фестивалот е резрвирана за Вања Лазарова и „Со маки сум се родила“, „Акт“ на Ацо Станкоски, „Современа класична авангардна музика – Во океанот“ на Франк Шерер, „Џеф Бакли- Сите тука те посакуваат“ и „Засолниште – Лиса Жерар“