ВАШИНГТОН (AA) – Откако американскиот Сенат го усвои законот со кој на семејствата на жртвите од нападите на 11 септември 2001 година им се овозможува да ја тужат Саудиска Арабија, американката Стефани Де Симеоне поднесе тужба против оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Де Симеоне сопругот го загубила во нападот на Пентагон, а за одговорна за нападот ја смета Саудиска Арабија.
Таа ја покрена тужбата во Вашингтон, а тврди дека Саудиска Арабија пружила материјална помош на терористичката организација Ал-Каеда.
Американските медиуми наведуваат дека ова е првата тужба против Саудиска Арабија и дека во документите испратени до судот се истакнува дека “доколку немало поддршка од Саудиска Арабија, Ал-Каеда не би можела да планира ниту да ги изведе нападите од 11 септември”.
Де Симеоне тврди дека Саудиска Арабија преку агенти и невладините организации пружила поддршка на Ал-Кадеда.
Потсетуваме, американскиот претседател Барак Обама вложи вето на предлогот на овој закон, но Сенатот со убедливо мнозинство го усвои законот.