Недела на децата: „Детски права во свет без предрасуди“

Сподели

usmihnati-detsa

Неделата на децата под мотото „Детски права во свет без предрасуди“,  која од денеска до петок ќе се одржува во неколку градови низ земјата. Во настаните ќе бидат вклучени 40-ина деца од различна националност, а ќе се одржуваат до 7 октомври во Прилеп, Тетово, Струмица, Куманово и Кавадарци.

Одбележувањето на Неделата на детето е во рамките на проектот „Промоција на детски права и интеркултурна комуникација“ кој има за цел младите луѓе да се здобијат и стекнат со вештини и знаења, како и да научат за принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, потоа да ја промовираат интеркултурната комуникација, различните вредности и толеранцијата помеѓу децата и младите од различи култури, како и да работат на промоција на детските права.

Инаку, во 1954 година Генералното Собрание на ОН го одреди Универзалниот Ден на детето како ден за промовирање на партнерство и разбирање помеѓу децата во светот. Од тогаш, 20-ти ноември се развил во ден на кој се фокусирало вниманието на потребите на децата и нивните фамилии. Во 1985 година е одлучено да се посвети цела недела по повод правата и потребите на детето.