ТУРЦИЈА: ОТПУШТЕНИ 12.801 ПОЛИЦАЕЦ ЗАРАДИ ПОВРЗАНОСТ СО ФЕТУЛАХ ЃУЛЕН

Сподели

turkish-police-afp-file

Турските власти отпуштија од работа 12.801 полицаец, поради наводна поврзаност со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, соопшти денеска турската полициска управа.

Во соопштението се наведува дека 2.523 од нив биле полициски началници.

Во акцијата, која ја спроведе Владата по обидот за воен удар на 15 јули, за кој властите го обвинуваат Ѓулен, Турција досега отпушти од работа над 100.000 државни службеници, учители, судии, обвинители и други вработени.