Почитувани планинари, љубители на планината.
ПСЗ „Козјак“ – Прилеп на ден 10,11,12.06.2016 организира три дневна програма по повод 20 години од првото традиционално искачување „Козјак ’97“ на врвот Козјак 1747 мнв , на Бабуна планина.
Оваа година на традиционалното искачување ќе промовираме уште една патека, односно од еднодневно во дводневно. Стартот на дводневната акција е од ж.с. Васил Антевски – Дрен , с. Оморани – ман. св . Никола с. Оморани – Шенова стена- врв мал Мукос – ман. св. Ѓорѓија Присад (над прилепското езеро ) каде ќе се преноќи и од каде ќе следниот ден ќе тргне колоната кон врвот Козјак. Традиционалното искачување оваа година останува со непроменета патека односно : <Прилеп > ман. св. Ѓорѓија – Борула – чешма Студеница – Белото – врв Козјак – чешма Студенец – с. Плетвар каде што ќе биде обезбеден ручек за секој.