БЕРЛИН (АА) – Германската полиција рано утринава соопшти дека уапсила 22-годишен Сириец осомничен за подготвување бомбашки напад, по кого за време на викендот интензивно се трагаше ширум земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириецот Џабер Ал-Бакр е уапсен синоќа во германскиот источен град Лајпциг.
Ал-Бакр, кој е со потекло од сирискиот Дамаск, им побегнал на полициските службеници во саботата, 8 октомври, за време на рацијата во неговиот стан во Хемниц.
Полицијата тогаш пронашла „неколку стотици грама” експлозив скриен во станот, кој како што тогаш беше истакнато, e „доволен е да предизивка голема штета”.
Германските експерти се обидуваат да утврдат дали е пронајден ист експлозивен материјал како и оној користен на 13. ноември минатата година, во серијата бомбашки напади во Париз и Брисел.
Германските медиуми известуваат дека Ал-Бакр е поврзан со терористичките групи во Сирија, иако тоа полицијата не го потврди.
Германските официјални лица истакнаа дека Ал-Бакр дошол во Германија со бранот мигранти, кога минатата година во земјата беа примени 890.000 бегалци.