БОБ ДИЛАН ДОБИТНИК НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА

Сподели

bob-dylan-759

Американскиот кантавтор Боб Дилан е добитник на Нобеловата награда за литература, поради „создавање нов поетски израз во богатата американската музичка традиција“, соопштија од нобеловиот комитет на Кралската шведска академија на науките.

„Можеби изборот изгледа изненадувачки, но ако се вратите 5000 години наназад ги откривате Хомер и Сафо. Тие пишувале поетски текстови кои биле наменети да се изведуваат. Истото се однесува и за Боб Дилан. Сè уште ги читаме делата на Хомер и Сафо и уживаме во нив“, изјави Сара Даниус секретар на Академијата.

75-годишниот Дилан е роден како Роберт Ален Цимерман во 1941 година, а својата музичка кариера ја почна во 1959 година свирејќи по кафетерии во Минесота.

Најголемиот дел од неговите препознатливи дела се од 1960-тите години, кога станува неформален хроничар на тешкотиите на Американците.

Песните како „Blowin’ in the Wind“ и „The Times They are A-Changin’“ станаа препознатливи химни на анти-воените и движењата за граѓански права.