Челникот на ФИФА истраен во намерата за зголемување на учесниците на Мундијалот 2026

Сподели

„Желба ни е одлуката за зголемување на бројот на репрезентации од 32 на 40 или 48, за Мундијалот 2026 година, да биде донесена на седницата на Управниот одбор на ФИФА, која ќе биде одржана во јануари наредната година во Цирих”

thumbs_b_c_4444f79e9cff38231afc5a8b411c0a31

ЦИРИХ (АА) – Претседателот на Светската фудбалска организација (ФИФА), Џани Инфантино, денес изјави дека е истраен во намерата бројот на репрезентациите, учеснички на Светското првенство 2026 година да се зголеми од 32 на 40 или 48, јавува Anadolu Agency (AA).

„Желба ни е одлуката за зголемување на бројот на репрезентации од 32 на 40 или 48, за Мундијалот 2026 година, да биде донесена на седницата на Управниот одбор на ФИФА, која ќе биде одржана во јануари наредната година, во Цирих“, изјави Инфантино.

Инфантино нагласи дека реакциите на планот за зголемување на бројот на учесници на мундијалот се генерално позитивни, и дека спортот се развива во целиот свет, а тој тренд треба да се продолжи.

Првиот човек на ФИФА, Инфантино, за време на неодамнешната посета на Колумбија изјави дека зголемувањето на бројот на државите-учеснички на мундијалот донело повеќе од радост во светот, и било корисно и од аспект на зголемување на профитот.

Од позиција на генерален секретар на ФИФА, Инфантино се кандидираше и е избран за претседател на таа организација, а во предизборната програма вети популаризација на Мундијалот.