ПАРТИЈАТА ЗА ДВИЖЕЊЕТО НА ТУРЦИТЕ: НА ВЛАДАТА ПОВАЖНИ И СЕ СПОМЕНИЦИТЕ ОТКОЛКУ ЖИВОТИТЕ НА 100.000 ТУРЦИ ВО ДРЖАВАТА

Сподели

a5

Пратеникот на Партија за движењето на Турците во Македонија (ТХП) Енес Ибрахим, вели дека очигледно добро функционира тендерската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, па во предвидениот буџет за 2017 година двете општини и средините каде што Турците се посконцентрирани, се тотално заборавени.

 – Сведоци сме како секој ден преку проектот „Скопје 2014“ никнуваат нови згради, споменици кои достигнуваат повеќе милионски суми. А од друга страна и покрај дадениот збор изградбата на Турскиот Театар никако не може да се финализира. Со предложениот рекорден буџет Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го прикажа своето дискриминаторско лице и повторно ги изигнорира потребите на одредени граѓани на Република Македонија, а меѓу нив повторно се најде и турската етничка заедница. На место на споменикот Тодор Александров за кој се потрошени 400.000 евра во Канатларци, Новак, Градошорци, Висока Маала, Аликоч, Бучим, Прналија, Банско и Количани ќе се изградеа спортски терени. На место на споменикот на Васил Чакаларов за кој се потрошени околу 550.000 евра сите учебници за основно и средно образование ќе се преведеа и испечатеа на турски јазик. На место на споменикот Гемиџии за кој се потрошија околу 1.250.000 евра ќе се решеше проблемот за водоснабдувањето во Количани, Калково, Дедели како и општина Пласница. Павел Шатев одлеа од буџетот 250.000 евра. Со овие пари можеше да се изгради пат од Почивал до Шашаварлија, а исто така да се доизгради патот од Радање до Оџалија. Само за зградата Бранко Брашнаров каде се сместени агенциите за Млади и спорт и аудиовизуелни услуги, оваа Влада потроши над 4.5 милиони евра, а за цели 10 години од нивното владеење за Турците во Македонија не потроши ниту приближно на оваа сума – рече Ибрахим.

Тој рече дека оваа Влада докажала дека зградите и спомениците се поважни од животот наповеќе од 100.000 Турци во Македонија.

– Турската заедница не го полни буџетот за одредени профитерски групи да се луксузираат на нивните даноци и придонеси. Ние како политичка партија нема да дозволиме вакво буџетско, расипничко владеење – порача тој.