Бан Ки-Мун со населението погодено од ураган: ОН вети помош за Хаити

Сподели

ban

ЊУЈОРК (AA) – Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки-мун вети дополнителна помош на народот на Хаити, кој е погоден од ураганот Метју, јавува Anadolu Agency (AA).

Од Централниот секретаријат на ОН соопштено е дека Бан го посетил Хаити каде по ураганот Метју се појави колера.

Потсетуваме, ураганот однесе околу илјада животи, а потоа се појавиа неколку стотици случаи за кои се сомнева дека се заразени со колера.

Бан потсети на погоденото подрачје и разговараше со населението кое ги почувствува последиците од оваа елементарна непогода.

Ќе направиме колку што можеме за да обезбедиме средства и медицинска помош за да ја запреме епидемијата на колера и да пружиме поддршка на семејствата”, истакна Бан кој ситуацијата на Хаити ја нарече како нешто што не може да се опише.

Бан пред тоа најави формирање на посебен фонд за борба против колера која се појави по ураганот и изградба на силни водоводни, санитарни и здравствени системи.

Претходно до донаторите на ОН упати повик да обезбедат 119 милиони долари помош за Хаити.