Истражителот кој беше приведен во полициската станица Беко се враќа во просториите на СЈО. Ова го изјави пред новинарите специјалната обвинителка Катица Јанева, пренесе Телма.
Станува збор за истражител кој бил на задача за да обезбеди лице барано во одредена истрага.
– Видовме дека е неосновано приведен и задржан во полициска станица и дека не постои никакво пишан документ, рече Јанева.
Таа на новинарите им препорача да го браат командирот на полициската станица, кој треба да им даде детали зошто и како бил приведен нивниот истражител.
Тимот на СЈО во моментов се упати кон УБК каде предходно друг истражител беше избркан од просториите на управата, каде постапуваше по судска наредба.