Денес од медиумите разбравме дека предлогот на Либералната партија, оти услов за соработка со други опозициски партии е јавен договор дека по изборите нема коалиција со Груевски, е поддржан од партијата Левица. Го поздравувам ваквиот став.
На Левица ова им го предложивме одговарајќи им за нивната иницијатива за граѓански листи на 6 октомври.
Добро е што барем дел од опозициските партии сфатија какво е значењето на оваа јавна декларација, а се надевам дека истото ќе го прифатат и социјал-демократите.
Уште побитно е што со ваква јавна декларација ќе ги пресретнеме сите обиди за изборен инженеринг во десницата.
На овие избори ни треба јасен изборен резултат и пораз на власта, а не избори како повод за широки коалиции и продолжување на кризата – изјави претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, по повод изјавата на Здравко Савевски од партијата Левица.