Претстојните парламентарни избори и можните постизборни коалиции биле тема на денешната средба на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски со новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристиан Тимоние.
– Особен аспект е ставен на улогата на Специјалното јавно обвинителство и за стриктното исполнување на неопходните услови за изборите да бидат фер и демократски. Градоначалникот Жерновски и амбасадорот Тимоние ја разгледаа и ситуацијата околу односите Влада – општина Центар, како и за соработката и реализирање заеднички проекти на општината со локалната самоуправа во Франција, се наведува во соопштението од општина Центар.