УНГАРИЈА ГРАДИ НОВА ОГРАДА НА ЈУЖНАТА ГРАНИЦА СО СРБИЈА

Сподели

border

Унгарија гради нова ограда на јужната граница со Србија за да ги спречи бегалците и мигрантите неконтролирано да влегуваат на нивната територија. Два видови на бариери се тестираат во близина на границата, пред да почне нивната изградба, пренесе државната унгарска телевизија.

Премиерот Виктор Орбан во август рече дека цврстата ограда и системот за електронски надзор се потребни во случај да тргне нов бран на бегалци кон Западна Европа.

Унгарија минатата година подигна ограда со бодликава жица од 175 километри долж границата со Србија и на мал дел од границата со Хрватска. Со затворањето на ткн. балканска рута и подигнувањето на оградите на унгарските граници се намали бројот на мигранти кои од Унгарија влегуваа во Австрија, наведува агенцијата АП.

Австриската полиција соопшти дека годинава помалку од 6 000 мигранти влегле во Австрија преку Унгарија, што е огромно намалување во однос на речиси 300 000 бегалци кои преминале лани.

Повеќе од 400 000 илјади луѓе поминаа низ Унгарија за да пристигнат во Германија и другите богати земји во Западна Европа пред да се затвори границата за мигрантите.