Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА) Едвард Сноуден, рече дека новинарите не може да ги победат тајните служби во борбата за приватност со помош на технологија, но треба да се борат со помош на насловните страници на весниците.
– Не можете да имате смислена слобода на медиуми без приватност, без приватен простор не можете да ги заштитите своите извори, изјави тој во интервју за Зидојче цајтунг преку видео-врска од Русија.
На прашање како новинарите може да се заштитат од разузнавачките служби, одгвоори дека борбата за приватност е повеќе политичко прашање отколку техничко.
– Шифрирањето може да ве заштити од масовно шпионирање, но не може да ве спаси кога ќе станете цел за следење, изјави Сноуден.
Во текст објавен од весникот се додава дека „се работи за војна меѓу се посиромашните новински редакции и најбогатите разузнавачки агенции во светот, а на нивна страна се почесто се и приватни компании“.
Се додава дека и „приватните компании произведуват посебни програми со помош на кои државите како ОАЕ да може да ги надгледуваат своите граѓани кои се залагаат за демократија и човекови права“. Интервјуто е во рамки на самит на Глобална мрежа на уредници во Минхен каде се германски, австриски, швајцарски, романски и француски новинари и медиумски работници.