Два часа по првиот земјотрес со магнитуда од 5,4 степени по Рихтеровата скала, централниот дел на Италија во 21.18 часот го потресе уште еден, посилен земјотрес од 6,3 степени, Епицентар е подрачјето на Перуџа.
Италијанските медиуми објавуваат фотографии од разурната црква и други градби во регионот Марке.
Засега нема информации за загинати или повредени, но има првични информации за материјални штети, односно оштетувања на градби.
Денеска имаше вкупно 12 земјотреси во Италија, од кои претходните со послаб интензитет.
Овие земјотреси се случуваат на два месеци по катастрофалниот кој го уништи градот Аматриче на 24 август годинава.