БМВ повлекува повеќе од 154.000 возила во САД и Канада

Сподели

bmw

ДЕТРОИТ (АА) – БМВ повлекува повеќе од 154.000 автомобили и теренски возила во САД и во Канада за да го поправи проблемот со електричните инсталации кои можат да доведат до задушување на моторот, јавува Anadolu Agency (AA).

Со повлекувањето се опфатени моделите со серија 5 и X5 и некои возила од серијата 6 и X6, произведени од 2007 до 2012 година.

Компанијата наведува дека жиците од пумпата за гориво во резервоарот можеби не се правилно свиткани, така што жиците може да се олабават и да се истопи конекторот, што доведува до истекување на горивото. Поради тоа, пумпата за бензин може да престане да работи, и тоа да го задуши моторот.

БМВ истакна оти засега не е известен дека споменатиот проблем предизвикал несреќи или повреди.

Дистрибутерите ќе го заменат моделот на пумпа за бензин без дополнителни трошоци за сопствениците на возилата. Се очекува повлекувањето да започне на 5 декември оваа година.