Италија: Спасувачи пребаруваат под урнатини по денешниот земјотрес

Сподели

timthumb

Спасувачки служби интензивно пребаруваат под урнатини од згради по новиот силен земјотрес што ја погоди централна Италија, во обид да спасат повредени и да утврдат дали има загинати.

Директорот на италијанската Служба за цивилна заштита во регионот на Марка, Чезаре Спури изјави дека има информации оти во многу градови на подрачјето погодено утрово од земјотресот има урнати згради.

Централниот дел од Италија утрово го погоди земјотрес со интензитет од 6,1 степен по Рихтеровата скала.

 screenshot-75

„Земјотрес со интензитет од 6,1 по Рихтеровата скала ја погоди Италија во 7:41 минута по локално време“, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија.

Епицентарот бил меѓу Норча (колу 5 илјади жители) и Пречи (752 жители) во провинцијата Перуџа во областа Умбрија.

Телевизијата РАИ објави дека потресот бил толку силен што бил почувствуван во Рим. Земјотресот бил почувствуван и во Хрватска, Словенија и БиХ.

Во средата земјотрес со интензитет од 5,4 степени го потресе истото подрачје кај Перуџа и беше почувствуван и во Рим.

Пред два месеца земјотрес на истото подрачје срамни со земја неколку помали градови при што загинаа речиси 300 луѓе.